Флорентино има план: Реал ќе го „краде“ детето на Барса пред носот на Лапорта

Реал Мадрид го договори мегатрансферот на Килијан Мбапе, па „кралевите“ сега се насочија кон засилување на средниот ред и наоаѓање на наследници на Лука Модриќ и Тони Крос, кои се приближуваат до крајот на своите фантастични кариери.

Последните информации од Шпанија говорат дека Флорентино Перез тргнал во офанзива по Дани Олмо, за да го осигура потписот на шпанскиот репрезентативец уште пред завршување на сезонава и на тој начин да избегне трка со лутиот ривал Барселона. Олмо е „дете на Барса“, но својата блескава кариера ја трасираше преку одличните настапи за Динамо Загреб. Каталонците го бараа овој фудбалер уште пред две години, но тој реши да се пресели во Бундес-лигата и потпиша за Лајпциг.

Германскиот клуб минатото лето ја одби понудата на Барса, но Флорентино Перез е убеден дека ќе успее да се договори со бундеслигашот и да го потпише Олмо како засилување за наредната сезона.

Лајпциг бара 80 милиони евра за својот „бисер“, Реал засега не е подготвен да плати повеќе од 50 милиони, но Флорентино Перез е оптимист дека во наредните триесетина дена ќе го комплетира и овој мегатрансфер.

Се вчитува...