ФМП Академија рутински против „фенерџијата“ Ангели

Кошаркарите на ФМП Академија стигнаа до лесен триумф против „фенерџијата“ Ангели 89-70 во натпревар од 8. коло во кошаркарската лига на Македонија. Домаќините почнаа фуриозно и уште во првата четвртина ги разрешија сите дилеми околу победникот добивајќи ја со 29-9.

До крајот Ангели заиграа подобро, но веќе прекасно за било што, а тимот од Кисела Вода стигна до нов триумф овојпат со 89-70. Стефан Крстајиќ со 21 поен беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Ајзеа Мандерсон заврши со 22 поени.

Ова е петта победа за избраниците на Александар Николиќ сезонава, додека Ангели останува единствениот тим без победа сезонава.

Се вчитува...