ФМП, шанса за радост на МЗТ по пауза од два месеци

МЗТ Скопје е закован на дното на табелата во АБА-лигата, по осумте порази од низа што го донесоа македонскиот шампион на работ на амбисот во регионалното натпреварување. Ниту тренерската смена не донесе преголема промена во играта и пристапот, а на новиот кормилар Лукајиќ му е јасно дека мора час поскоро да најде излез од големата криза, почнувајќи од вечерашниот дуел против ФМП. Иако српскиот тим славеше со убедливи 100-72 на првиот меч во Белград, „металците“ се свесни дека овој е првиот во низата мечеви што „мора да се добијат“ за да се зголемат шансите за опстанок, кои во моментов се сведени на теорија.

Имаме проблем со неколку повредени играчи што ми созддава големи главоболки. Шансата треба да ја бараме во тимската игра, со голема агресивност на сите петмина на паркетот. ФМП е млад и полетен тим што секоја година дополнително се докажува и што и сезонава има резултат во АБА што е за пофалба. Ние ќе мораме да ја запреме нивната игра „два на два“, што е најсилно оружје на денешниот противник“ – изјави Лукајиќ во пресрет на овој натпревар.

МЗТ Скопје својот последен триумф во АБА го забележа пред повеќе од два месеци, на 16 октомври на гостувањето против Игокеа. Време е таа серија да биде прекината.

Се вчитува...