ФМП врти нов лист со Петровиќ на клупата

Кошаркарскиот прволигаш Академија ФМП и официјално го промовираше Александар Петровиќ во нов шеф на стручниот штаб. Петровиќ доаѓа во тимот од Кисела Вода од клупата на Куманово, каде мина три успешни сезони. Искусниот стратег претходно работеше и како предводник на МЗТ Скопје, Карпош Соколи, Пелистер, Куманово, извесен период беше и селектор на јуниорската репрезентација.

„Со ангажманот на Петровиќ, клубот сака да прерасне во еден стабилен прволигаш, да биде достоен противник на сите екипи и да го задржи костурот на домашни и странски играчи од минатата сезона“, објавија од раководството на Академија ФМП.

Самиот стратег најави дека под неговото водство ќе им даде шанса на млади кошаркари, а ростерот ќе биде надополнет со квалитетни засилувања од странство.

„Костурот на екипата ќе биде составен од перспективни млади играчи подржани од квалитетни странски засилувања. Ќе се трудиме со тие млади играчи да постигнеме резултат и пред сѐ да се игра модерна кошарка и да бидеме конкурентна екипа“ – изјави Петровиќ.

Тој на клупата на ФМП ќе го наследи Владимир Мирковски, кој пак ќе го заземе местото на Петровиќ на кормилото на КК Куманово.

Се вчитува...