Фода: Бевме убедливи, создадовме многу шанси

Фудбалската репрезентација на Австрија надмоќно го освои Скопје со триумф од 1-4 против селекцијата на Македонија. Селекторот Франко Фода задоволен од играта и од резултатот на овој меч. Смета дека Австрија требаше да води и по првото полувреме, со оглед на многубројните шанси.

„Среќен сум, фудбалерите одиграа одлично иако беа под голем притисок на овие два натпревари. Ја добивме минимално Словенија, а сега остваривме уведлив триумф против Македонија која воопшто не е противник за потценување. Требаше да водиме уште по првото полувреме. Имавме грешка на стартот и дозволивме Македонија да поведе, но потоа имавме многу шанси и заслужено победивме. Ако има место за критика, тоа е дека моравме да имаме подобра реализација во првиот дел“, изјави Франко Фода.

Се вчитува...