Фода: Македонија е компактен тим со одлични индивидуалци

Селекторот на Австрија, Франко Фода, максимално ја респектира фудбалската репрезентација на Македонија и знае дека неговата селекција утре ја очекува тешко гостување во Скопје. Сепак, се надева на позитивен резултат.

„Македонија е компактен тим со одлични индивидуалци чиј предводник е Горан Пандев. Не заслужија да загубат против Полска, го анализиравме добро тој натпревар. Ние сме посветени на нашата игра, се надеваме дека ќе бидеме уште подобри од претходниот натпревар со Словенија и дека ќе успееме да освоиме бодови и на мечот во Скопје. Знаеме дека нема да биде лесно. Македонија умее да одигра сосема различно во зависност од противникот, го гледав и мечот против Летонија. Ќе се обидеме да поставиме противигра“, изјави селекторот на Австрија.

Мечот меѓу Австрија и Македонија е закажан за утревечер (20.45 часот) на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

Се вчитува...