Фода: Мораме да ја притиснеме Македонија уште од самиот старт

Фудбалската репрезентација на Македонија утре и гостува на Австрија во натпревар од квалификациите за Европското првенство 2020 година. На Австријците против Македонија им е потребен само бод за да обезбедат пласман на Еврошампионатот. Селекторот Франко Фода очекува неговиот тим уште од самиот старт да ја притисне нашата селекција.

„Македонија покажа дека напредувала, покажа дека е комапктен тим и нам ќе ни треба многу квалитетно да го одиграме мечот за да стигнеме до тоа што го сакаме. Мора да играме посветено, решително, со голема страст и да уживаме. Така игравме во минатите мечеви и тоа е единствениот начин да победиме. Утре ќе ни треба добар баланс, цврска одбрана. Ние ќе ја ираме нашата игра, а очекувам од прва минута да бидеме агресивни и да притиснеме“, изјави Фода. 

Натпреварот на „Ернст Хапел“ во Виена ќе се одигра утре со почеток во 20:45 часот.

Се вчитува...