Фода: Се е во наши раце, нема да ја потцениме Македонија

Селекторот на Австрија, Франко Фода, ги предупреди своите фудбалери дека не смеат да си дозволат опуштање на претстојниот квалификациски дуел со Македонија. На домаќините в сабота им е доволен и бод за да се пласираат на ЕВРО 2020, но Фода е дециден дека очекува максимално залагање од првата до последната минута.

„Имаме одлична стартна позиција во пресрет на овие последни две средби, фудбалерите се гладни за успех и за пласман на едно големо натпреварување. Сепак, јасно ни е дека се уште немаме остварено ништо и мораме да останеме максимално фокусирани кон претстојните натпревари. Се е во наши раце, подготвени сме за претстојните средби, а на играчите им ставив до знаење дека очекувам да играат со истата страст и посветеност како и на дуелот со Словенија“ – истакна Фода.

Мечот меѓу Австрија и Македонија се игра в сабота на стадионот „Ернст Хапел“ во Виена.

Се вчитува...