Фоден: Гвардиола на полувремето беше нервозен како никогаш досега

Фудбалерот на Манчестер Сити, Фил Фоден, откри дека менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола, бил многу изнервиран на полувремето при средбата со Бриж во Лигата на шампионите откако белгијците дојдоа до резултат од 1-1.

Сепак, ваквата реакција на Каталонецот се покажала како продуктивна, имајќи предвид дека неговите фудбалери во второто полувреме постигнаа три гола и остварија победа од 4-1.

„Не одигравме најдобро во првиот дел и му дозволивме на противникот да се врати во ритам. Гвардиола не беше среќен на полувреме и бараше максимално да ги следиме неговите совети. Откако се подобривме во одредени сегменти, за почнавме да го играме нашиот убав фудбал. Сите сме задоволни“, заклучи Фоден по синоќешната победа на ‘Етихад’.

Се вчитува...