Фокусирани и гладни – Фудбалерите продолжуваат со тренинзи во Анталија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Фудбалската репрезентација на Македонија во петок во Анталија ќе го одигра првиот од двата пријателски натпревари.

Противник на избраниците на Благоја Милевски ќе биде репрезентацијата на Молдавија. Репрезентативците денеска имаа тренинг кој помина во одлична атмосфера.

Македонија на овие мини-подготовки во Анталија ќе одигра меч и против репрезентацијата на Црна Гора, а овој меч е закажан за во понеделник.

Се вчитува...