Кевин Фоланд реши да си замине од Монако и да се врати назад во Бундес-лигата, потпишувајќи договор со екипата на Унион Берлин. Искусниот 31-годишен голгетер ги миан последните три сезони во дресот на „кнезовите“, но реши да се врати во германскиот шампионат, каде од 2012 до 2020 година со успех ги бранеше боите најпрвин на Хофенхајм, а потоа и на Баер Леверкузен.
Фоланд пристигна како големо засилување во Монако, но остана во сенката на Бен Једер. Во трите сезони во Монако тој настапи на 86 средби за овој клуб, постигнувајќи 26 погодоци и 22 асистенции.
Интерес за германскиот напаѓач покажаа уште неколку германски прволигаши, но тој го избра Унион Берлин, тим со кој ќе има можност повторно да биде дел од Лигата на Шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА