Фоњини е новиот „тениски принц“ на Монте Карло

Фабио Фоњини стигна до првата Мастерс-титула во кариерата откако италијанскиот тенисер славеше на турнирот во Монте Карло. По големиот триумф во полуфиналето над Рафаел Надал, Фоњини беше подобар и во денешното финале против Србинот Лајовиќ, славејќи со 2-0 во сетови за најголемиот успех во кариерата на италијанскиот тенисер.

Финалето почна одлично за Лајовиќ, кој експресно направи брејк. Фоњини одговори со голем пресврт и набрзина поведе со 5-2, славејќи со 6-3, за прв загубен сет на Лајовиќ на овој турнир. Италијанецот полн со самодоверба продолжи во ист ритам и во вториот сет, правејќи брејк при 0-0, потоа уште еден при 2-2, за конечна победа од 6-4.

Со освојувањето на големиот пехар Фоњини ќе скокне на 12. место, додека Лајовиќ со самиот пласман во финалето си обезбеди скок на 24. позиција на АТП-листата.

Се вчитува...