Фоњини е полош и од Кирјос: Нека пукне бомба на „Вимблдон“

Елиминацијата на Ник Кирјос не значеше и крај на испадите на тенисерите за време на Вимблдон, откако Фабио Фоњини денеска имаше уште поголем испад од проблематичниот Австралиец. Италијанскиот тенисер излезе на мегдан со Американецот Сандгрен, а по слабиот старт вината ја побара кај организаторите и нивната одлука мечот да се игра на теренот број 14, со почеток во 13.30 часот.

„Зарем е фер да се игра овде? Проклети Англичани. Сакам да ви експлодира бомба на Вимблдон. Овде, во овој ваш клуб“ – врескаше Фоњини.

Италијанецот не успеа да се смири, тоа сериозно влијаеше на неговата игра, па го загуби мечот со Сандгрен со максимални 0-3 во сетови (3-6, 6-7, 3-6).

Се вчитува...