Фонсека го напушти состанокот по два часа, позната конечната одлука на челниците на Рома

Фудбалерите на Рома претрпеа тежок пораз на гостувањето кај Манчестер Јунајтед (6: 2) во првиот натпревар од полуфиналето на Лига Европа, па се поголеми беа гласините дека португалскиот тренер може дури и да добие отказ.

По првото полувреме, Рома водеше со 2-1 и се чинеше дека може да стигне до одличен резултат пред реваншот што ќе се игра на „Олимпико“ следниот викенд. Сепак, „Волчицата“ доживеа целосен потоп во второто полувреме. Манчестер Јунајтед набрзина сврте на 3-2, и до крајот на мечот ја наполни мрежата на италијанскиот клуб. На крајот домашните славеа со 6-2, па во Рома можат да бидат задоволни што не примија уште еден гол.

После ова, можеше да се види дека играчите на Пауло Фонсека беа повеќе заинтересирани да потрошат време отколку да постигнат голови и да го ублажат поразот. Челниците на Рома закажаа состанок со Фонсека и спортскиот директор Тијаго Пинто за да разговараат за срамот што го доживеа клубот.

Веднаш по враќањето во Рим, Фонсека мораше да оди на состанок што траеше повеќе од еден час. „Кориере дело Спорт“ објави дека не е отпуштен, но дека тоа ќе се случи на крајот на сезоната. Челниците на Рома одлучија дека е најдобро Фонсека да остане на клупата до крајот на сезоната бидејќи се чини дека со отказот сега тие не би постигнале ништо. Веќе е познато и името на неговиот наследник, екс-тренерот на Наполи и Јувентус, Маурицио Сари, кој во текот на следната седмица ќе потпише тригодишен договор со „римската волчица“.

Се вчитува...