Формула 1 добива нова ноќна градска трка во Лас Вегас

По Остин и Мајами, Форума 1 ќе има уште една трка во САД, пренесуваат тамошните медиуми. Станува збор за Лас Вегас каде ќе се вози ноќна улична трка која ќе поминува низ „Вегас стип“, делот од јужниот булевар каде се наоѓаат хотелите и коцкарниците во градот.

Раководството на најбрзото натпреварување на светот се определило за оваа опција поради големиот број на пешачки мостови кои ќе донесат нов амбинет за навивачите кои од непосредна близина ќе можат да ја проследат трката.

Форума 1 која е под раководство на американски газди бележи се поголем интерес во Северна Америка по Нетфликс серијата „Drive to survive“ па јасна е и одлуката за воведување на трка во Лас Вегас. Според информациите истата може да биде во етерот веќе во 2023 година и најверојатно ќе се одржи во месец ноември.

Се вчитува...