ФОРМУЛА 1, ГН НА САД: Верстапен го доби дуелот со Хамилтон

Возачот на Ред Бул Макс Верстапен, е победник на трката за ГН на САД која се возеше во Остин.

Верстапен сега има предност од 11 бодови во генералниот пласман, на пет трки до крајот на шампионатот.

Веќе на самиот старт, во првиот свиок, Хамилтон го претрка Верстапен и ја превзеде лидерската позиција.

Макс добро се извлече, со оглед дека можеше да падне на третата позиција, издржа зад Хамилтон, но во 10. круг влезе во бокс да менува гуми и се врати на четвртото место. Набрзо стигна до втората позиција. Хамилтон во 14. круг влезе на замена на пневматиците. Потоа следните 16 круга водеше Верстапен.

Следуваше ново влегување во бокс најпрво на Верстапен, а потоа и на Хамилтон, по што Холанѓанецот влезе во водство најпрво од 8,5 секунди, а потоа трката влезе во неизвесна завршница.

Видена е драма во последниот круг кога Хамилтон сериозно притискаше, но Верстапен издржа и на крај заврши како првопласиран.

Перез заврши како третопласиран, Леклер четврти, Рикардо пети.

Следната трка е во Мексико.

Се вчитува...