Формула 1 одлучи: Ќе се вози трката во Џеда и покрај ракетниот напад!

По четири часа размислување, возачите на Формула 1 решиле да ја возат трката за Големата награда на Саудиска Арабија, иако во петокот, помеѓу двата тренинзи, беше извршен ракетен напад врз нафтена фабрика на 20 километри од патеката во Џеда.

Тој напад првично доведе до одложување на вториот тренинг за 15 минути, по што следеше состанок на кој челниците на тимот едногласно одлучија да се вози трката. Организаторите и првиот човек на Формула 1, Стефано Доменикали, нагласија дека се добиени гаранции дека патеката нема да биде цел на напад и дека во моментов нема побезбедно место од неа во Џеда.

Трката за Големата награда на Саудиска Арабија ќе се вози во недела во 19 часот.

Се вчитува...