Формула 1 размислува за промена на правилата по хаосот во Белгија

Формула 1 планира да ги промени правилата што му овозможија на Макс Верстапен да победи на Големата награда на Белгија без практично и да се одржи трката. Поројниот дожд не остави шанси за трка, но според досегашните правила, два круга по безбедносното возило се доволни за да се формира пласман, а возачите во првите десет да добијат половина од бодовите.

Повеќето возачи ја критикуваа одлуката во неделата, додека возачот на Ред Бул, Верстапен сепак успеа да ја намали разликата од Луис Хамилтон во генералниот пласман на 3 бода.

Извршниот директор на Мекларен, Зек Браун, зборуваше за можна промена на правилата, а за која допрва ќе се одлучува.

„Правилата во моментов се дека ако направите неколку круга, тоа може да се нарече трка. Мислам дека треба да се преиспитаат. Мислам дека нема човек кој ќе тврди дека времето беше безбедно за трка, но треба да најдеме подобро решение доколку се појави слична ситуација во иднина“.

Се вчитува...