Формула 1 во Австралија ќе се вози до 2035 година

Патеката „Алберт парк“ во Австралија ќе биде домаќин на Формула 1 шампионатот до 2035 година по потпишувањето на новиот десетгодишен договор, изјави директорот на најбрзиот циркуз во светот, Стефано Доменикали.

Мелбурн првпат беше домаќин на Ф1 трка во 1996 година, а следната година премиерно ќе ги вгости и Формула 2 и Формула 3.

„Мило ми е што можам да потврдам дека Мелбурн и Алберт парк ќе останат во календарот барем до 2035 година. Тркачкиот викенд во Австралија секогаш беше омилен меѓу возачите и тимовите. Мелбурн е неверојатен град и е вистинско место за нашиот спорт“, изјави Доменикали. 

Се вчитува...