Фортуна 2009 на мегдан со Ливерпул на „Турнирот на шампионите“ во Виена

Екипата на Фортуна 2009 од скопски Сингелиќ, генерација на фудбалери родени во 2007 година, од 16. до 18. јуни ќе учествува на силниот меѓународен турнир „Трофеј на шампионите 2017“ кој ќе се одржи во Виена.

На овој турнир на кој ќе учествуваат 75 екипи од Стариот континент, дечињата на Фортуна преку квалификации обезбедија учество на овој силен турнир за играчи родени во 2007 година. Ждрепката сакаше Фортуна 2009 за противник да добие три реномирани екипи, меѓу кои најпозната е англиски Ливерпул.

„И пред ждрепката ние посакувавме да играме против големите европски екипи, па ете ја имавме таа среќа и сега ќе ги одмериме силите со Ливерпул. Не е важно како резултатски ќе минеме на овој турнир, но сигурно сакаме да се прикажеме во квалитетно издание. Па, и да бидеме меѓу првите три екипи во групата, согласно и рејтингот пред ждрепката“ – велат од Фортуна 2009.

Освен Фортуна 2009 и Ливерпул во Групата Н се уште и екипите на унгарски Ференцварош, Железничар од БиХ, НК Сенчур, Фудбалшуле, Валдховен и Оберфулендорф.

Се вчитува...