Форум на ракометни клубови: Една плата помалку за играчите до крајот на сезонава

Пандемијата од коронавирус што владее ширум светот веќе ги блокираше спортските настани, а дел од федерациите веќе објавија и предвремен крај на сезоните, именувајќи нови шампиони. Сепак, како проблем остануваат платите на спортистите, кои имаат валидни договори до крајот на сезоната, а со предвремениот раскин се соочуваат со опасност да останат без најмалку три плати.

На оваа тема се дискутираше на Форумот на ракометни клубови, во кој учествуваат претставници на европски гиганти како Барселона, Веспрем, Фленсбург, Кил… а претставници се и македонските клубови Вардар, Металург и Пелистер.

Општоприфатен е ставот дека новонастанатата ситуација и прекинот на првенствата влијае негативно врз финансиската стабилност на клубовите, поради што мора да се преземат мерки за да не биде зададен сериозен удар чии последици би влијаеле врз клубовите и во следните сезони.

„Бордот на ракометни клубови го предлага конкретниот предлог за намалување до 30 јуни 2020: 

  • Иако финансиските состојби се различни за различни држви, нашата прелиминарна калкулација вели дека ракометарите ќе мораат да се откажат од една месечна плата.

  • Последните четири плати (март, април, мај и јуни) можат да се намалат за 75% или последната плата за јуни воопшто да не биде исплатена.

  •  Се надеваме дека оваа препорака ќе служи како фер-база за преговори меѓу вашиот клуб и вашите играчи за периодот до јуни 2020.

Да се земе во предвид, голем дел од клубовите нема да се во можност да плаќаат плата како вообичаено, без да преземат драстични мерки. Иднината на спортот зависи од нашата работа, но и од разбирањето од ракометарите“, се вели во препораката на Форумот на ракометни клубови.

Се вчитува...