Фотка за историја: Николов со Шериф слави на „Сантијаго Бернабеу“

Шериф испиша нови страници во историјата на Лигата на Шампионите совладувајќи го Реал Мадрид со 1-2 на „Сантијаго Бернабеу“, како едно од најголемите изненадувања некогаш направени во елитното европско фудбалско натпреварување.

Молдавскиот првак формиран во 1997 година го зеде скалпот на најтрофејниот европски фудбалски колектив, со евроголот што во 89. минута го постигна Тил, совладувајќи го Куртоа.

Бобан Николов влезе во самиот финиш помагајќи да биде издржан завршниот притисок на „кралевите“, па македонскиот репрезентативец имаше што да слави заедно со соиграчите по завршниот свиреж на главниот судија.

По две одиграни кола, Шериф е лидер на табелата во својата група со максимални шест бода, пред Реал, Интер и Шахтјор. Откако во квалификациите ги елиминираше Црвена Зведа и Динамо Загреб. Секоја чест…

Се вчитува...