ФОТО: Адеми со сите мисли само кон македонската репрезентација, додека се „крчка“ кам-бекот во Динамо

Еден од најдобрите македонски фудбалери Аријан Адеми, како и секогаш, на располагање на македонската репрезентација тогаш кога и е најнеопходно.

Така и на септемврискиот собир, Адеми допатувајќи од Кина меѓу првите се приклучи денеска на селекцијата на Благоја Милевски, одработувајќи го и првиот тренинг вечерва на центарот „Петар Милошевски“ во Скопје, во очекување на пресметките со Италија и со Малта.

Адеми, како што потенцира, со сите мисли сега е само кон македонската репрезентација во периодот во кој, како што пренесоа денеска хрватските медиуми, се „крчка“ неговиот кам-бек во дресот на Динамо Загреб.

Хрватскиот шампион е далеку од посакуваниот изглед оваа сезона поради што раководството на клубот, но и навивачите на „модрите“, спасот го бараат во својата икона – Аријан Адеми, кој е повеќе од неопходен за клубот… Исто како што, и тоа како, е секогаш неопходен и за македонската репрезентација.

 

Се вчитува...