ФОТО: Да слушнам, кој е најдобар тенисер во историјата

Новак Ѓоковиќ стана првиот тенисер во историјата што во едно полуфинале на Ролан Гарос успеал да го совлада Рафаел Надал, кој до денеска важеше за апсолутен владетел на францускиот гранд-слем турнир.

Србинот одигра маестрално, се врати од негатива од 0-1 во сетови и му одржа лекција на големиот ривал, за кого ова беше само трет пораз на земјените терени во Париз, јасен знак дека на неговата доминација и дојде крај.

Мечот беше крајно исцрпувачки, голем број од неутралните навивачи го бодреа Надал, но тоа беше само мотив повеќе за Новак, да блесне кога е најтешко и да стигне до победата. Ѓоковиќ беше максимално емотивен по освоениот тајбрејк во третиот сет, за водство од 2-1 во сетови, кога го стави прстот на увото, уживајќи во молкот на поддржувачите на Надал, но и на прославата на неговите фанови во Париз.

Се вчитува...