ФОТО: Даци го подигна шампионскиот трофеј во Белгија

Ердон Даци и Вестерло синоќа имаа шампионско славје во Белгија. Беа крунисани во прваци на  1Б Про лига, или втората по ранг белгиска лига, а од идната сезона ќе настапуваат во белгиската „елита“.

Вестерло уште пред две кола стана недостижен и беше познато дека ќе заврши на првото место на табелата. Синоќа играа со вторпласираниот тим на Моленбек, кој ќе игра во баражот за пласман во Првата лига на Белгија.

Ердон Даци ја заврши сезоната со 10 гола, или два помалку од првопласираните двајца Мадернер и Мертенс на листата на стрелци. Добрата игра на Даци, му донесе и повик во националниот тим откако Адис Јаховиќ не можеше да игра поради повреда. Даци беше повикан на бараж натпреварите со Италија и со Португалија, но не доби шанса за деби.

Се вчитува...