ФОТО: Делегатот и судиите контролираа: Мечот ќе се игра, ама теренот мора да се „корегира“

ЕКИПА во Тбилиси, Грузија

Владимир Булатовиќ

Делегатот на натпреварот меѓу Грузија и Македонија од УЕФА Лигата на нациите кој од 18 часот се игра на „Динамо арената“ во Тбилиси, заедно со судиската четворка, имаа контрола на теренот по силното невреме кое го зафати главниот град на Грузија.

Дел од теренот беше поплавен од силниот дожд, но секако, по прекинот на истиот, натпреварот ќе се игра со тоа што делегатот наложи неизбежно чистење на деловите од теренот кои се под вода…

Се вчитува...