ФОТО: Дестани во друштво на Хашим Тачи, не се израдуваа многу во Милано

Сопственикот на Шкендија, Лазим Дестани во друштво на претседателот на Косово, Хашим Тачи го следеше натпреварот на неговиот тим против италијанскиот гигант Милан.

Но, по оние 6-0 за „росонерите“, Дестани и Тачи очигледно не можеа да се израдуваат на гостувањето на еден од најкултните италијански стадиони.

Реваншот за седум дена во Скопје факт е дека ќе биде само формалност за Милан на патот кон групите од Лигата на Европа.

Се вчитува...