Елиф Елмас е здрав, успешно ги мина деталните лекарски прегледи во клиниката „Пинета“, по што македонскиот репрезентативец почна со тренинзи со екипата на Наполи.
Нашиот интернационалец беше во самоизолација уште од 4 октомври, кога беше откриено дека е позитивен на коронавирус. Елмас по 20 дена конечно го победи вирусот, а по добиеното зелено светло од лекарите тој денеска му се врати на располагање на тренерот Гатузо, почнувајќи го тренингот со индивидуални вежби, пред да се приклучи и на тимската работа на „наполитанците“.
Италијанските медиуми најавуваат дека Елмас и Зиелински иако се здрави нема да бидат ризикувани за претстојниот натпревар од ЛЕ против Реал Сосиедад, туку двајцата ќе бидат во комбинација за наредниот дуел од Серија А, во кој Наполи на 1 ноември за противник ќе го има тимот на Сасуоло.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА