Фото: Ѓоковиќ навива за Звезда во Мадрид, а Дончиќ…

Реал Мадрид вечерва ја пречекува Црвена Звезда во последното коло од регуларниот дел на сезоната во Евролигата, меч на кој на трибините во арената во Мадрид присутни се две спортски мегаѕвезди, Лука Дончиќ и Новак Ѓоковиќ.

Двајцата беа со овации поздравени од публиката при влегувањето во арената, Новак дојде со синот Стефан, а Лука со таткото Саша Дончиќ.

Нема дилема дека Ѓоковиќ на овој дуел ќе им даде поддршка на „црвено-белите“ од Белград, а во нешто покомпликувана ситуација се наоѓа Дончиќ кој не крие дека Црвена Звезда му е омилен клуб од поранешна Југославија, но Лука блескавата кариера ја почна токму во Реал Мадрид.

Се вчитува...