ФОТО: И Зоран Мамиќ на тренингот на репрезентацијата во Сараево

ЕКИПА во Сараево, БиХ

Горан Бошев

Македонскиот селектор Гоце Седлоски имаше средба со поранешниот спортски директор на Динамо Загреб, Зоран Мамиќ кој го посети тренингот на националниот тим на „Кошево“ пред утрешната пријателска средба со БиХ.

Мамиќ во моментов е одговорен за спортскиот дел во ФК Сараево, заедно со поранешниот македонски репрезентативец Крсте Велкоски, кој исто така ги посети македонските репрезентативци.

Мамиќ и Седлоски соработуваат во Динамо Загреб, кога актуелниот македонски селектор беше на чело на Б-тимот на „модрите“.

Се вчитува...