ФОТО: Каде се наоѓа најголемиот мурал за Коби во поранешна Југославија?

Најголемиот мурал на Коби Брајант на просторот на поранешна Југославија се наоѓа во населбата Сењак во Градишка, БиХ. Вакви мурали се цртаат на сите страни на светот по трагичната смрт на кошаркарската мегаѕвезда, а Дени Божиќ од Добој реши да му посвети слика на Брајант, цртајќи го големиот ас на ѕидот на основното училиште „Данило Борковиќ“ во Сењак.

Муралот го цртав девет дена. Висок е шест, а широк 12 метри. Идејата дојде од кошаркарски фанови од Градишка“, кратко прокоментира Божиќ.

На овој училишен терен своите први кошаркарски чекори ги направи Ратко Варда, легендарниот српски центар кој настапуваше во НБА, како и за бројни клубови ширум Европа, меѓу кои и македонскиот прволигаш Кожув.

Се вчитува...