Фото-колаж: Адеми го стресе Израел, нека бидат среќни што им оставаме и бод

ЕКИПА во Израел, 

Никола Ѓуровски

Фудбалската репрезентација на Македонија го напушта Израел со еден освоен бод, ќе жалиме и за останатите два, затоа што ќе ни беа спакувани в куфер доколку Елиф Елмас ја искористеше одличната шанса во судиското продолжение од мечот. Но, ремито е апсолутно заслужено и сега „црвено-жолтите“ ги очекува долго патешествие до Рига. Четири и пол часа авионски лет до Летонија, чија фудбалска селекција е следниот предизвик за избраниците на Игор Ангеловски.

Ќе остане да се памети резултатот (1-1), а за останатото ќе сведочат и фотографиите од петтиот квалификациски меч во циклусот за ЕП 2020.

Фото: Игор Паневски

 

Се вчитува...