ЕКИПА во Рим
Никола Станикевски
Околу 1.000 македонски навивачи се очекуваат вечерва на „Олимпико“ во Рим да дадат поддршка за македонските репрезентативци на патот кон уште едно изненадување за Италијанците од македонска страна.
Центарот на „вечниот град“ денеска беше убаво рашаран во црвено-жолтите бои како најава тоа што не очекува вечерва на најголемиот италијански стадион.
Македонските фанови посакуваат, по Торино и по Палермо, Италија да си го памети и Рим како местото на уште ден кикс на „аѕурите“ во пресметките со македонската фудбалска селекција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА