ФОТО-МОМЕНТ: Грузијците спасија на гол-линијата, не дозволувајќи барем реми за Македонија

Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 21 години ги загуби речиси сите шанси за пласман на ЕП 2025 по само четири одиграни натпревари во групата, откако денеска во Скопје загуби од Грузија со 0-1.

Повеќе „кошкање“, нервоза и меѓусебни вербални пресметки меѓу играчите на двете селекции имаше на дуелот на стадионот „Петар Милошевски“ откако вистински фудбал.

Македонските надежи одиграа крајно разочарувачки натпревар со само една поизразена шанса во текот на сите 112 минути, колку што се играа со судиското продолжение.

А, таа шанса на капитенот Марио Илиевски во 88. минута кога гостите спасуваа на самата гол-линија на тој начин спречувајќи барем бод за македонските репрезентативци.

Во прв момент македонските фудбалер бараа погодок, со впечаток дека топката ја мина гол-линијата но јасно беше дека реакцијата на Грузијците беше чиста спречувајќи топката да заврши целосно зад гол-линијата.

 

Се вчитува...