ФОТО НА ДЕНОТ: Алиоски го крена шампионскиот пехар во Чемпионшип

Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски ужива во ѕвездените моменти во Лидс Јунајтед. Тој и соиграчите го кренаа пехарот за победникот во Чемпионшип – дивизијата на Англија, откако вечерва во последното коло го совладаа Чарлтон со 4-0. Лидс Јунајтед го заокружи првенството со 28 победи и освои 93 бода, дури десет повеќе од второпласираниот тим на Вест Бромвич Албион.

Следната сезона Лидс Јунајтед по цели 16 години повторно ќе биде дел од Премиер – лигата.

Се вчитува...