ФОТО НА ДЕНОТ: Барди со „хет-трик топката“ за спомен од Ереван!

Најдобриот македонски поединец во големата победа од 0-5 на гостувањето против Ерменија во квалификациите за СП 2022, Енис Барди во Скопје се враќа со сувенир.

Барди ја доби топката од натпреварот против Ерменците на кој запиша хет-трик како спомен од дуелот во Ереван. Во друштво на Езгијан Алиоски, фудбалерот на Леванте и македонски капитен на денешниот меч ја прослави по завршувањето на дуелот својата блескава партија.

Комплетната репрезентација, пак, втората најубедлива гостинска победа во историјата на македонскиот репрезентативен фудбал ја одбележа со заедничка фотографија…

Се вчитува...