Дарко Чурлинов блесна на вечерашниот дуел меѓу Шалке и Нирнберг, на кој македонскиот репрезентативец со прекрасен погодок ја осигура победата на својот тим.
„Сините“ настапуваат без својот најдобар напаѓач Тероде, па токму затоа многу е значајно што Чурлинов во вистински момент влегува во форма, постигнувајќи го својот прв гол во втората германска лига.
Навивачите еуфорично го прославија првиот гол на Македонецот во сино-белиот дрес, а Чурлинов веднаш истрча до клупската маскота Ервин, за заедничка прослава на погодокот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА