ФОТО НА ДЕНОТ: И јас сум Клаудио Раниери

Лестер вечерва против Ливерпул го игра првиот натпревар по отказот што му беше врачен на Клаудио Раниери, а фановите уште еднаш ја покажаа својата приврзаност кон стратегот кој лани им ја донесе шампионската титула. Голем дел од нив влегуваат на стадионот со маски со ликот на италијанскиот стратег, испраќајќи јасна порака – и јас сум Клаудио Раниери, искажувајќи му поддршка на искусниот фудбалски стручњак.

Се вчитува...