ФОТО НА ДЕНОТ: Има многу за чистење во македонскиот фудбал – Стратев почна од столчињата

Тешка мисија е да гледаш македонски фудбал. Студеното време денеска не беше сојузник на гледачите, но координаторот за младински фудбал во ФФМ, Зоран Стратев го следеше мечот меѓу Македонија ЃП и Шкендија во Ѓорче Петров. Има и други бариери покрај студеното време.

На пример, неуредните столчиња на трибините.

Има многу за чистење во македонскиот фудбал, а Зоран Стратев почна од столчињата. И на крајот, следеше допадлив фудбал…

Се вчитува...