ФОТО НА ДЕНОТ: Каде „пројде“ топката

Секунди го делеа Вардар од втора овосезонска радост во Лигата на Шампионите, но Порто со многу среќа успеа да стигне до бод во СЦ „Јане Сандански“.

„Црвено-црните“ одиграа добро во одбраната при последниот напад на противникот, Родригез во немоќ шутна од место, а кога сите во салата очекуваа крај и радост, топката некако мина крај Ристовски и заврши во неговата мрежа.

Тагата кај „вардарци“ беше очигледна, пропуштена беше одлична шанса за триумф над директен ривал во битките за место во следната фаза. Сепак, нема премногу време за да се остане разочаран бидејќи веќе следната седмица пред македонскиот првак е нов предизвик, гостување во Париз на дрим-тимот на ПСЖ што катастрофално ја почна оваа сезона, со три порази во првите четири средби од Лигата на Шампионите.

Се вчитува...