ФОТО НА ДЕНОТ: Кизиќ брани, цела сала на нозе

Марко Кизиќ трпеливо чека шанса да ги покаже своите голмански квалитети на голот на Вардар, но токму тоа се случи на денешниот дуел против Брест Мешков.

Младиот македонски чувар на мрежата застана на голот по слабиот настап на Гедбан и на Кугис, веднаш покажувајќи го сиот свој потенцијал. Особено импресивна беше неговата двојна одбрана, по која цела сала застана на нозе аплаудирајќи му на Кизиќ, а првите честитки стигнаа од Калараш.

 

Се вчитува...