Кочо Анѓушев, заменик претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за економски прашања, е голем фудбалски фан и спонзор на второлигашот Борец, па денеска пристигна на комплексот на ФФМ за да го проследи мечот на својот клуб против Гостивар, кој го одлучуваше патникот за баражот против Победа, за пополнување на местото во елитата.
Кочо Анѓушев се смести до претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, и до генералниот секретар Филип Поповски, а неговиот Борец на пенали успеа да го победи Гостивар со 5-4. Уште една пречка сега го дели Борец до елитната фудбалска конкуренција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА