Женската кошаркарска репрезентација на Македонија триумфално го почна настапот во квалификациите за Евробаскет 2027, откако вечерва по голема борба беше совладана Данска со минимални 79-78.
Во меч со многу борба, пресуди огромната желба на нашите кошаркарки, кои по неколку години пауза повторно се израдуваа на победа на домашен терен.
Триумф што е од огромно значење за кревање на самодовербата пред продолжение на овој квалификациски циклус, но и долгорочната иднина на женската кошарка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

