ФОТО НА ДЕНОТ – Лазарови во три генерации

Ако е според семејната традиција и гените, за некоја година Македонија ќе има уште еден Лазаров на ракометните терени.

Милан, синот на Филип Лазаров со нетрпение чекаше да заврши натпреварот меѓу Македонија и Србија во „Борис Трајковски“ и после тато и чичо, тој со топката да истча на терен.

А, не одолеа ни баба Милка, па од трибините од каде што гордо ги бодри своите синови, слезе на терен уште погорда да му брани на внукот.

Кај Лазарови ракометот е во крвта.

Се вчитува...