ФОТО НА ДЕНОТ: Левандовски спиеше со пехарот

Полскиот интернационалец Роберт Левандовски си најде „супер – партнер“ за пријатен сон по триумфот во Лигата на шампионите. Спиеше со пехарот од елитното европско клупско натпреварување.

По 15 години професионална кариера, полскиот ас за првпат го крена пехарот во ЛШ, кој остана крај него и во текот на ноќта.

Левандовски постигна 15 гола во ЛШ оваа сезона, ја освои и наградата за најдобар стрелец, а сигурно имаше прекрасни сништа откако Баерн Минхен по шести пат во историјата стана европски првак.

Се вчитува...