ФОТО НА ДЕНОТ: Маска имате, а лиценца?!

Претставниците на клубовите од Првата лига дојдоа на состанок под отворено небо на комплексот „Петар Милошевски“ во Куќата на фудбалот. Ќе се разговара за опциите околу продолжувањето на сезоната, а очите се вперени во претседателот на Вардар, Мирко Спасески. Многу работи ќе станат појасни откако и официјално ќе биде познато дали Вардар ќе може да добие лиценца за настап на европска сцена.

Тоа е можеби клучна информација и за Благоја Коцевски, првиот човек на Македонија Ѓорче Петров. „Лавовите“ во моментот се наоѓаат на шестата позиција со 29 бода, идентично како и петтопласираниот Шкупи. Ако Вардар не добие лиценца, ете шанса Македонија ЃП, како и минатото лето, пак да ќари настап во квалификациите за Лигата на Европа.

Се вчитува...