Фото на денот: Мираковски, тренер и играч не е баш исто

Работнички претрпе убедлив пораз од МЗТ Скопје, а Димитар Мираковски го претрпе и третиот неуспех во низа во македонското првенство.

Поранешниот плејмејкер на потешкиот начин го увидува она што е добро познато, врвен играч несекогаш станува и врвен тренер. Тој денеска доби лекција од Ѓорѓи Кочов, кој маестрално го водеше дербито, за разлика од домашниот стратег.

Немоќен во нападот, уште поочаен во одбраната, тој ќе мора час поскоро да најде излез од кризата. Затоа што Работнички има играчи кои со успех настапувале на домашната сцена, а по неколку месеци заедно вечерва на теренот делуваа како тотални странци.

Се вчитува...