ФОТО НА ДЕНОТ: Младите „штркови“ слават, Работнички има „кошмари“ од аеродромци

МЗТ Скопје 2 ја забележа најголемата победа во клупската историја откако вечерва славеше на гостувањето против Работнички со 87-89.

Младите аеродромци одиграа одличен натпревар, беа беспрекорни во нападот и успеаја да го изненадат големиот фаворит, за своја само втора победа оваа сезона. Работнички можеби е со намален буџет во однос на претходните сезони, но ова се дуели кои „центарци“ мораат да ги добијат, а самиот пораз е јасен доказ за несаканиот правец во кој се движи најтрофејниот кошаркарски колектив.

Работнички сезонава дефинитивно има кошмари од аеродромци, откако во првиот круг од сезоната загуби и од првиот тим на МЗТ Скопје, со преубедливи 87-66.

За младите „штркчиња“ и за тренерот Нешковиќ ова е идеален крај на годината, но и мотив повеќе во новата 2022 вториот тим на аеродромци да забележи уште некој триумф и да си ги зголеми шансите за опстанок во елитата.

Се вчитува...