Нескриен е фактот дека малкумина се вистински верни на Вардар, кога се во прашање домашните натпревари… Единствено и секогаш „Комитите“… Кои, без разлика на бројката, и денеска на дуелот со Силекс беа со своите херои кои им обезбедија европски натпревари оваа есен. А, покрај нив уште едвај 70 лица на Север, и тоа главно фудбалски работници и пријатели и роднини на фудбалерите!
Фудбалерите на Вардар, без сомнение, заслужуваат многу поголема поддршка од трибините на домашната сцена. Многумина помислија и очекуваа дека европските успеси ќе ги заживеат и домашните натпревари на „црвено-црните“, но ништо од тоа… Сите се чуваат за Зенит! Да видат и да бидат видени, за фејсбук и за селфи! Македонската спортска вистина последните години! Се навива за успесите…, не за тимот!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА