ФОТО НА ДЕНОТ: Не ме оставајте сам – Всушност, кој „будала“ би навивал за ваков МЗТ!?

Нова тажна слика од салата „Јане Сандански“ оваа сезона кога се во прашање настапите на МЗТ Скопје во АБА лигата. Тажна слика на паркетот, која се пренесе и на трибините во денешниот пораз од 68-77 од Игокеа.

Главно празните трибини доволно зборуваат за моќта колку овој МЗТ Скопје може да привлече свои навивачи. Доволно зборуваат и дека се помала е надежта дека на вистински начин, барем онака чисто за себе, „металците“ може да ја спасат сезоната!

Се вчитува...